Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

СООПШТЕНИЕ

            Државната изборна комисија на седницата одржана на 21.01.2016 година ги усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик и Одлуката за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2016 година на ДИК – буџетска програма 20.

            Членовите на Државната изборна комисија едногласно ја усвоија и процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција како и Меморандумот за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 


СООПШТЕНИЕ

Државната изборна комисија на седницата одржана на 14.01.2016 година го усвои Планот за работа на ДИК до распишувањето на предвремените парламентарни избори. Овој План утре ќе биде доставен за имплементирање до Владата на РМ и за информирање до Собранието на РМ.


СООПШТЕНИЕ

Денес, 12.01.2016 година, во 11.15 часот членовите на Државната изборна комисија ќе имаат средба со тројцата членови на Европскиот Парламент: Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан. 

Ги покануваме снимателите и фоторепортерите да присуствуваат на почетокот од средбата која ќе се одржи во просториите на ДИК, во салата на четврти кат.


СООПШТЕНИЕ

Државната изборна комисија на денешната седница (04.01.2016), со мнозинство гласови го избра Добре Јанчев за нов генерален секретар на ДИК. На оваа раководна функција која ќе ја извршува во наредните пет години Јанчев доаѓа од местото државен советник за едукација, правна и меѓународна соработка во ДИК.

Членовите на Државната изборна комисија на работен состанок одржан на 29.12.2015 година ги утврдија предлог текстовите на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснован на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверка и на Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради ажурирање на истиот.

Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик, двата Правилника на 30.12.2015 година се доставени на четирите најголеми политички партии застапени во Собранието на Република Македонија. Државната изборна комисија очекува во најкраток можен рок четирите најголеми партии да се усогласат, за потоа да ги усвои овие два важни акта за проверка и ажурирање на Избирачкиот список.


Страница 4 од 25

^