Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение до медиумите
 
Државната изборна комисија на денешната седница (22.12.2015) го усвои Правилникот за утврдување на начинот и постапката за избор на генерален секретар на ДИК.
 
Одлуката за објавување на јавен повик за избор на генерален секретар на Државната изборна комисија ќе биде објавен во два печатени медиума (на македонски и албански јазик) вo четврток, 24.12.2015 година.

ВИСОКИОТ ДРЖАВЕН ПРЕТСТАВНИК НА САД Г. ЈИ ХОЈТ ЈА ПОСЕТИ ДИК

Господинот Ји Хојт, заменик помошник Државен секретар на САД за Југоисточна Европа придружуван од американскиот амбасадор Џес Л. Бејли  ја посети Државната изборна комисија. Во едночасовната средба со членовите на ДИК,  г. Ји Хојт  се интересираше како Државната изборна комисија се соочува со наодите за изборни манипулации и нерегуларности кои се посочени во аферата со прислушувањето. Сите членови на ДИК ги изнесоа своите видувања, по што г. Хојт истакна дека изборни нерегуларности во помал обем се случуваат и во развиени демократски земји, но починителите на направените нерегуларности сносат одговорност. Доколку тоа не се случи и во Република Македонија може да се доведе под прашалник и нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Зашто, како што потенцираше г. Хојт  ако се случуваат изборни нерегуларности тоа влијае врз интегритетот на институциите во државата.

Страница 5 од 25

^