Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

 

Соопштение од 101. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија разгледа четири приговори – 3 од ВМРО-ДПМНЕ и еден од НДП кои се однесуваат на член 69 а од Изборниот законик и истите беа одбиени.
На седницата беа разгледани и одбиени и две претставки по член 82 став 4 од Изборниот законик поднесени од СДСМ. 
 

Соопштение од 100. седница на Државната изборна комисија

Членовите на Државната изборна комисија разгледаа и одлучуваа по приговорите за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за избор на Претседател на Република Македонија (втор круг) и предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Македонија согласно член 148 од Изборниот законик. До ДИК стасаа 12 приговори од овластени претставници на подносителите на листи – два од  Демократската унија за интеграција, четири приговори од ГРОМ  и шест од Демократската партија на Албанците и сите беа одбиени. 

Страница 8 од 25

^