Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 99. Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија на 99. седница ги разгледа и ги одобри акредитациите за набљудувачи од Комисијата за изборни жалби и приговори (ЕCAP) на Република Косово, Централната изборна комисија на Република Косово, Централната изборна комисија на Република Албанија, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – Скопје, Здружението Плоштад Слобода, Радио Телевизија Турција, Асошиетед прес, Телевизија Коха Визион – Приштина и од Агенцијата Франс Прес за набљудување на изборите на 27.04. 2014 година.


 
 
 

СООПШТЕНИЕ

Во врска со изнесените тврдења во одредени интернет портали дека во Општина Аеродром има разлика од 20.000 гласови помеѓу важечките и неважечките ливчиња   
за предвремените Парламентарни избори, Државната изборна комисија го појаснува следното: 
При внес на податоци во комјутерскиот систем на Државната изборна комисија направена е  типографска грешка во полето  5.  од записникот на општинсаката изборна комисија во кое се внесува статитичкиот податок за вкупниот број на избирачи кои гласале. При споредба  на внесените податоци во системот  со  записникот на ОИК Аеродром е откриено дека во системот во полето 5. наместо податоткот  43.818 внесен е податокот 63.818.  Оваа грешка е коригирана и  нема влијание на освоените гласови и мандати по партии кои се коректно внесени во системот, туку само на процентот на излезност.
Согласно направената корекција, излезноста за парламентарните избори за општина Аеродром  е 68,49% а на ниво на Република Македонија е 62,96%.

 

Страница 9 од 25

^