Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список


 


 

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ЗА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИТЕ

Ве информираме дека во Прес центарот на Државната изборна комисија кој вo недела, 27.04.2014, ќе биде сместен во Клубот на пратеници, прес конференциите за Изборите за претседател на Република Македонија и за предвремените Парламентарни избори ќе се одржуваат во следните термини: во 11, 14 и 18 часот и околу полноќ.

Соопштение од 98. седница на Државната изборна комисија

На претстојните Претседателски избори (втор круг) и на предвремените Парламентарни избори на 27. април, на гласачкото место граѓаните ќе бидат маркирани со видливо мастило на левиот палец. Оваа одлука членовите на ДИК ја донесоа од превентивни причини, за да не се случи заради нецелосно избришано видливо мастило од првиот круг гласање на Претседателските избори, на некој граѓанин да му биде ускратено правото да гласа. 
На седницата беа прифатени и барањата за акредитации за набљудувачи на изборите од Амбасадата на САД, од Парламентарното собрание на Советот на Европа, Здружението за хуманитарни активности Синергија Штип и Центарот за слобода ЦИВИЛ. 
 

Соопштение од 97. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија ги соопшти конечните резултати од првиот круг на гласањето од Изборите за претседател на Република Македонија на 13. април 2014 според кои Ѓорге Иванов добил 449.442 гласови, односно за него гласале 51,69 насто од излезените гласачи, Иљаз Халими – 38.966 (4,48%), за Стево Пендаровски гласале 326.164 лица (37,51) и Зоран Поповски освоил 31.368 гласови (3,61%). Двајцата претседателски кандидати кои имаат најголем број гласови - Иванов и Пендаровски, на изборите на 27. април на гласачкото ливче ќе го имаат истиот реден број како и во првиот круг на 13. април.
Членовите на ДИК го заклучија и Избирачкиот список за предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 на кој за гласање во шестте изборни единици во државата запишани се 1.694.412 граѓани. Во оваа бројка не спаѓаат гласачите запишани на посебните избирачки список на иселени лица на кои има 59.727 граѓани, потоа 23.782 наши граѓани кои се на привремена работа или престој во странство а се пријавиле да гласааат на Парламентарните избори во Дипломатско конзуларните претставништва, 1843 лица кои се на издржување затворска казна или се во притвор, 326 членови на избирачки одбори кои ќе гласаат во ДИК како и 38 внатрешно раселени лица. 
На 97. седница, членовите на ДИК донесоа Заклучок за доставување и објавување на резултатите од гласањето за втор круг на изборите за Претседател на Република Македонија и од предвремените избори за пратеници во Собранието на РМ.  Според овој Заклучок Избирачките одбори за спроведување на гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, обрасците за трите изборни единици во странство за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на претседателските избори како и од предвремените Парламентарни, по завршувањето на гласањето по електронски пат ги доставуваат до Државната изборна комисија.
 
На седницата беа одбиени приговорите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а не се прифати ниту барањето на ДПА за одземање на акредитацијата за набљудување на изборите на Здружението „Движење ВЕПРО“ од Струга. 
 
 
 

Страница 11 од 25

^