Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 96. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија се запозна со информацијата во врска со решениетото од Управен суд  за отфрлената  тужба поднесена од Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ )како и со тужбата поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ) која Судот ја одби како неоснована. 
На 96. седница беше разгледано и известувањето од ОИК Неготино за Избирачкото место број 1234 Криволак, но гласањето во тоа избирачко место нема да се повтори поради тоа што вкупниот број на таму запишаните избирачи не влијае на вкупните резултати. Членовите на ДИК донесоа и решенија  поради  големиот број пријавени гласачи да формираат уште по еден избирачки одбор во дипломатско конзуларните претставништва во Венеција, Берн и Виена.  
 
 
 


 

Соопштение од 95. седница на Државната изборна комисија

Членовите на Државната изборна комисија на 95. седница не ги прифатија приговорите на политичките партии СДСМ, ДУИ и Достоинство кои се однесуваат на предвремените Парламентарни избори 2014. Социјадемократскиот сојуз на Македонија имаше барање за запишување во единствениот  Избирачки список на четири лица, бришење од истиот на едно починато лице и бришење на лица кои се пријавени со живеалиште на непостоечки адреси. На седницата на ДИК не помина ниту приговорот на Демократската унија на Албанците (ДУИ) за бришење од Единствениот избирачки список како и од Посебниот избирачки список на 675 лица кои сакаа да гласаат во ДКП во Тирана, а за кои ДУИ тврди дека немаат живеалиште на територијата на Република Македонија. Одбиено беше и барањето на политичката партија Достоинство за запишување на три лица во Посебниот избирачки список во Мелбурн.
На седницата акредитации за набљудување на Претседателските и за предвремените Парламентарни избори 2014 им беа одобрени на Топ Канал – Тирана, на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР (дополнување), АРД Германско Радио, Турската телевизија ТРТ, на Амбасадата на Швајцарија, на ЦИВИЛ – Центар за слобода како и на Здружението  на граѓани за демократија и подигање на колективната свест „Движење ВЕПРО-Струга“.
 
 
 

Страница 12 од 25

^