Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 94. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија изврши увид во 75 приговори поднесени од  болни и немоќни лица кои биле одбиени од од општинските изборни комисии да гласаат во своите домови и констатира дека медицинската документација и дијагнозите не соодветствуваат со точките 1 и 2 од Упатството за примена на член 111 од Изборниот законик кое се однесува гласањето на оваа категорија гласачи. Се одлучи да бидат прифатени седум приговори. 

 

Соопштение од 93. седница на Државната изборна комисија

Членовите на Државната изборна комисија усвоија Заклучок во врска со поднесените барања за гласање на болни и изнемоштени лица во кој заради одредени недоследности во примената на Упатството на ДИК (точка  2) за гласање на оваа категорија граѓани и примената на член 111 од Изборниот законик, одлучено е општинските изборни комиси да извршат дополнителна проверка на веќе одобрените барања за гласање во домашни услови. Нагласено е дека општинските изборни комисии во одлучувањето по барањата на болните и немоќни лица треба стриктно да се придржуваат  на Упатството на ДИК и на примена на членот 111 од Изборниот законик за избегнување на евентуални последици од преземање соодветни мерки согласно законските прописите. 

 
 

Соопштение од 92. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија ја разгледа претставката од СДСМ која се однесува на член 77 од Изборниот законик како и приговорот од Коалицијата позитивна Македонија кој се однесува на начинот за спроведување на изборната кампања од страна на политичките партии и  донесе заклучок да  ги упати  двете партии своите забелешки да ги изложат пред надлежните институции. Поточно, пред Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и, вториот подносител, пред надлежниот Основен суд. 
На седницата беше разгледана и информацијата во врска со поднесените барања за гласање на болни и изнемоштени лица до општинските изборни комисии  и со мнозинство гласови заклучи до 13 часот на 8. април 2014 општинските изборни комисии до ДИК да ја достават целокупната  медицинска документација  со точно известување за бројот на поднесените и прифатени барања, како и за бројот на одбиените лица.   
Државната изборна комисија го усвои и појаснување за начинот на пополнување на записникот за Записникот за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од Избирачките одбори за избирачко место (Образец 16 а) за Изборите за претседател 2014.
 
 
 

Страница 13 од 25

^