Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 91. седница на Државната изборна комисија

На седницата е усвоена Одлуката за доделување средства за транспортни трошоци на општинските изборни комисии и избирачките одбори за спроведување на Изборите за претседател на 13. април 2014 како и за предвремените Парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 27. април 2014 година.
Членовите на Државната изборна комисија ги разгледаа поднесените пријави од државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање на Парламентарните избори 2014. Констатирано е дека 102 од лицата кои се пријавиле за гласање ги нема во Избирачкиот список, 68 не приложиле доказ дека над три месеци престојуваат во странство, така што сите 170  се одбиени и нема да гласааат на изборите за пратеници во Собранието на РМ. Со мнозинство гласови не беа прифатени ниту 152 пријави за гласање во нашата Амбасада во Тирана.
 
 

Соопштение

Soopstenie 08042014

Преземи соопштение

 

Соопштение од 90. седница на Државната изборна комисија

По завршувањето на мандатот на амбасадорите на Република Македонија во Љубљана и во Отава, Државната изборна комисија донесе Решение со кое на нивно место во Избирачките одбори се избрани лица вработени во овие две амбасади. 
Акредитации за набљудување на Претседателските и предвремените Парламентарни избори им се доделени на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на Здружението  за хуманитарни активности Синергија, на Асоцијацијата за напредок , едукација и лобирање НЕЛ – Скопје како и на Данската организација СИЛБА. 
На 90. седница беа прифатени и 2.309 новообработени пријави од наши државјани кои се на привремена работа или престој во странство а кои ќе гласаат на Парламентарните избори за  пратеници  во Собранието на Република Македонија.
 
 

Страница 14 од 25

^