Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 85. седница на државната изборна комисија

Уште на 1.083 државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, Државната изборна комисија им ги прифати пријавите за гласање на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии. На истата седница одбиени се барањата на 13 граѓани кои не приложиле доказ дека ги исполнуваат условите за гласање во странство, а деветмина ги нема во Избирачкиот список. 
Од подрачните одделенија за запишување во Избирачкиот список (образец ИС 1) во 12 општини, прифатени се барањата на 36 граѓани, 128 лица во 10 општини се избришани од Избирачкиот список по најразличен основ, а промени во ИС извршиле 26 лица.  
 
 

Соопштение од 84. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија    ги разгледа листите на кандидати за пратеници во Собранието во Република Македонија од 14 политички партии и коалиции и констатира дека 9 од нив во целост ги исполнуваат условите пропишани со Изборниот законик, а листата од Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) не е прифатена заради повеќе пропусти. Дополнувања на листата на кандидати треба да достават и Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ),  додека  кај  ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и Партијата за Европска иднина недостасува само доказ за Единствен даночен број (ЕДБ). На сите овие партии ДИК им даде рок од 48 часа за доставување на сите неопходни документи.

 
 

Соопштение од 83. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија на 83. седница прифати 4.220 нови барања за гласање на предвремените Парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, доставени од државјани на РМ кои се на привремена работа или престој во странство. Заради пропусти во доставената документација на седницата не помина одлуката за прифаќање на 639 пријави за гласање во Тирана. 

Страница 16 од 25

^