Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 82. седница на Државната изборна комисија

На гласачкото ливче за избор на претседател на Република Македонија на 13. април 2014, како што одлучи Државната изборна комисија, на кандидатите предложени од група пратеници ќе го пишува името на кандидатот, бројот на пратениците кои го предложиле и партискиот симбол, а на оние кои се предложени  со потписи на граѓаните до името на кандидатот ќе пишува група избирачи и симболот на партијата. Во општините во кои најмалку 20 насто од граѓаните зборуваат службен    јазик различен  од македонскиот, гласачките ливчиња за претседателските избори ќе се печатат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Членовите на Државната изборна комисија го усвоија Финансискиот план за распределба на средствата за Изборите за претседател на Република Македонија на 13. април 2014 и за предвремените Парламентарни избори за пратеници во Собранието на РМ на 27. април 2014. За овие изборни активности од Министерството за финансии се добиени близу 7 милиони евра, а доколку биде потребно од буџетот ќе бидат обезбедени и дополнителни средства.

Државната изборна комисија прифати уште 2.180 пријави од државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои се заинтересирани за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на РМ во светот.  ДИК ги прифати и барањата за акредитации за двата вида претстојни избори од Амбасадата на Република Полска и од Македонскиот центар за култура и развој. 

 
 

Соопштение од 81. седница на Државната изборна комисија

Со новоприфатените 1.705 пријави за гласање во дипломтско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии на Република Македонија доставени од  државјани на РМ кои се на привремена работа или престој во странство а кои ќе гласаат на предвремените Парламентарни избори, се искачи на 6.684. 
На 81. седница на Државната изборна комисија беа разгледани и прифатени барањата за акредитациии за набљудувачи од Амбасадата на Кралството Холандија  (дополнување) и на  Амбасадата на Република Бугарија за Изборите за претседател на Република Македонија и за предвремените Парламентарни избори 2014.
 
 

 

                      

      РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
            30.03. 2014 година
                  С К О П Ј Е 
 
 
СООПШТЕНИЕ  ЗА ПОДНЕСЕНИ ЛИСТИ НА КАНДИДАТИ
ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО НА РМ
 
До 29 март 2014 година до 24 часот, во Државната изборна комисија  листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија доставија 14 политички партии меѓу кои се и пет коалиции. 
За сите шест изборни единици во Република Македонија и за трите изборни единици во странство, листи на кандидати доставија - Демократска унија за интеграција (ДУИ), СДСМ и останатите партии во коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ и останати партии во коалицијата. Демократската партија на Албанците (ДПА) до Државната изборна комисија поднесе листи на кандидати за пет изборни единици (1, 2, 3, 5 и 6) во Република Македонија како и за изборните единици 7 (Европа и Африка) и 8 (Северна и Јужна Америка), Национална демократска преродба (НДП) поднесе кандидатски листи за изборните единици 1, 2, 5 и 6 и за Изборната единица 7, Коалицијата Достоинство за Македонија има листи на кандидати за сите шест изборни единици во Република Македонија и за Изборната единица 8 за гласање во Северна и Јужна Америка. 
За сите шест изборни единици во Република Македонија свои листи на кандидати за пратеници во Собранието на РМ доставија ВМРО Народна партија, Коалиција Гром, Коалиција за позитивна Македонија и Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ). Политичката партија Народно движење за Македонија (НДМ)  кандидатски листи има во пет изборни единици во Република Македонија (1,2,3,4 и 5), Партијата за Европска иднина (ПЕИ) – кандидати за пратеници има во четири изборни единици во државата (1,2,5 и 6), Партијата за економски промени 21 (ПЕП 21) – има листи за изборните единици 1 и 2, а Партијата за демократски просперитет (ПДП) – достави своја кандидатска листа само за шестата изборна единица. 
Државната изборна комисија на седницата на 31. март 2014 година ќе ги потврди поднесените листи.   
 
 
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
 

Соопштение од 80. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија ги разгледа поднесените пријави од уште 971 државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство а кои во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии сакаат да гласаат на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година. Прифатени се барањата на 947 наши државјани, седуммина не се во посебниот избирачки список со ѕвездичка или не приложиле доказ, а 17- мина добија негативен одговор бидејќи ги нема во Избирачкиот список.  
На седницата беа разгледани и прифатени барањата за акредитација за набљудувачи од Мисијата на ОБСЕ (дополнување) за двата вида избори, а на Граѓанската асоцијација МОСТ и е одобрена  акредитацијата за предвремените избори за пратеници во Собранието на РМ. 
 
 
 

Страница 17 од 25

^