Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од продолжението на 77. седница на Државната изборна комисија

На седницата на ДИК беше заклучен Избирачкиот список за спроведување на изборите за  Претседател на Република Македонија 2014 на кој се евидентирани 1.779.572 граѓани. Вкупниот број избирачи кои се на привремена работа или престој во странство изнесува 70.305, а во посебниот список за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва односно во конзуларните канцеларии има 8.332 лица. Најголем број од нив – 5.892 се пријавени за гласање во 7 Изборна единица (Европа и Африка), во 8 Изборна единица (Северна и Јужна Америка) се 1.426 и во „деветката“ (Австралија и Азија) се 1.014 лица. На Претседателските избори 2014 ќе се гласа во 34 од вкупно 47 Дипломатско конзуларни претставништва односно конзуларни канцеларии, бидејќи во 13  бројот на пријавените граѓани за гласање е помал од десет.
На Изборите за претседател на Република Македонија ќе гласаат и 294 членови на Избирачките одбори за спроведување на гласањето во ДКП и конзуларните канцеларии кои правото на гласање ќе го остварат во Државната изборна комисија, потоа 39 граѓани со статус на внатрешно раселени лица кои се на посебен извод на избирачи, како и 1.706 избирачи, исто така од посебен извод на избирачи  кои се наоѓаат на издржување на казна затвор или се во притвор. 
 

Соопштение од 78. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија со мнозинство гласови го прифати приговорот и барањето за покренување постапка согласно Изборниот законик поднесено од овластениот претставник на подносителот на листата  поднесена од 38 пратеници за кандидатот Стево Пендаровски, кое се однесува на Отчетот за сработеното кој на 14. март 2014  го промовираше претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов. На седницата, исто така со мнозинство гласови од членовите на ДИК не беше прифатен  вториот приговор од СДСМ за медиумското претставување на Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  кој беше промовиран на 16. март 2014 година во хотелот „Александар Палас“.
На седницата беа одобрени барањата за акредитации на набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД и од Амбасадата на Република Србија, за двата вида избори.
 

Соопштение од 77. седница на Државната изборна комисија

Од трите изборни единици во странство, Државната изборна комисија прифати уште 1.944 поднесени пријави доставени  од државјани на Република Македонија кои се привремена работа или престој во странство  за гласање на предвремените Парламентарни избори. ДИК го прифати и Заклучокот во врска со разгледувањето на Обрасците ИС 1, ИС 2 и ИС 3 доставени од подрачните одделенија и канцеларии. 
На 77. седница на Државната изборна комисија беше заклучено од Избирачкиот список да се избришат 18 починати лица, за кои по приговоророт од СДСМ, ДИК достави барање до Управата за водење матични книги за проверка на фактичката состојба од каде што беше потврдено дека посочените лица се починати.  
Акредитации за набљудување на претстојните избори добија претставници од Амбасадата на Република Словачка, Амбасадата на Република Црна Гора, Амбасадата на Република Косово, Амбасадата на Шведска и Канцеларијата за врски на Република Грција. На седницата беше извршен и случаен избор на претходно разрешените пет претседатели, членови и нивни заменици во Општинските изборни комисии, а на наредната седница, членовите на ДИК ќе го заклучат Избирачкиот список за спроведување на Изборите за претседател на Република Македонија. 
 
 

Соопштение од 76. седница на Државната изборна комисија

Членовите на Државната изборна комисија на 76. седница прифатија 1.353 новопримени пријави  од државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство,  кои на предвремените Парламентарни избори ќе гласаат во Дипломатско конзуларните претставништва  и конзуларни канцелариии.  Прифатен е и заклучокот во врска со разгледувањето на Обрасците ИС 1, ИС 2 и ИС 3 доставени до ДИК од подрачните одделенија и канцеларии како и Известувањето за потребните прилози кон поднесената листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија за изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 (според член 64 од Изборниот законик). На седницата беше усвоено и Известувањето за потребните прилози кон поднесената листа на кандидати за пратеници во Собранието на РМ за изборните единици 7,8 и 9 кои се во странство.

Страница 18 од 25

^