Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 75. седница на Државната изборна комисија

 
Државната изборна комисија ги разгледа и не ги уважи поднесените барања од Демократската унија на Албанците кои се однесуваа на  член 49-а од Изборниот законик. Според наводите на ДУИ во време кога ја вршеле проверката на лицата пријавени за гласање во Дипломатско конзуларното претставништво во Тирана било утврдено дека тие не живеат на посочените адреси и не поседуваат договори за закуп, а во истите станови живеат други лица, па побараа пријавите за гласање во Тирана да се одбијат како неосновани, што не беше прифатено.
Исто така, ДИК не ги уважи ниту барањата на СДСМ во врска со членот 49-а од Изборниот законик кои се однесуваа на бришење лица на иста адреса, потоа категоријата граѓани кои по друг основ  треба да се избришат од Избирачкиот список за Изборите за претседател на Република Македонија како и починатите лица. Во приговорот  на СДСМ за бришење по сите наведени основи беа посочени 14.492 лица. 
Членовите на ДИК заклучија дека на прашањето на СДСМ за разликата на бројот на гласачите на Локалните избори 2013 во однос на бројката на оние кои се на Избирачкиот список за претстојните претседателски избори 2014, ќе биде одговорено писмено.
 
 
 

Соопштение од 74. седница на државната изборна комисија

За гласање на предвремените Парламентарни избори 2014, Државната изборна комисија ги прифати барањата на 524 државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство а кои  ќе гласаат во Дипломатско конзуларните претставништва. На 74. седница на ДИК беше усвоен и Заклучокот во врска со разгледувањето на Обрасците ИС 1, ИС 2 и ИС 3 доставени до ДИК од подрачните одделенија и канцеларии. Од четири скопски општини од надлежните служби до ДИК се доставени податоци за 153 починати лица, а од подрачните канцеларии од Републиката пристигнати се 7 барања за запишување во Избирачкиот список. 
Прифатена беше и Одлуката за изменување и дополнување на одлуките за ангажирање лица во помошните тела на Државната изборна комисија за спроведување на претседателските и на предвремените парламентарни избори.   
 
 

Соопштение од 73. седница на Државната изборна комисија

Барањето на Група избирачи – Иљаз Халими за повлекување на првично доставениот симбол кој до името на овој претседателски кандидат требаше да стои на гласачкото ливче  на Изборите за претседател на Република Македонија на 13. април 2014 година, беше прифатено на седницата на Државната изборна комисија. Кандидатот Иљаз Халими, по претходна согласност на Демократската Партија на Албанците (ДПА) на претстојните претседателски избори на гласачкото ливче ќе го користи симболот на партијата. 
Членовите на ДИК на 73. седница  прифатија повеќе акти поврзани со изборните активности – Правилникот за реализација на средствата за спроведување на  изборите, Упатството за начинот на реализација на средствата определени  од ДИК за спроведување на изборите од страна на Општинските изборни комисии, Одлука за доделување средства за тековни трошоци за претседател на ОИК за две обиколки до најдалечната дестинација на избирачките места за спроведување на Изборите за претседател на РМ 2014 како и Заклучок за врска со разгледувањето на Обрасците ИС 1, ИС 2 и ИС 3 доставени до ДИК од подрачните одделенија и канцеларии. 
На седницата беа одобрени и 128 решенија по поднесени пријави од дрѓавјани на РМ на привремена работа или престој во странство за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва за Изборите за пратеници во Собранието на РМ на 27. април 2014 година.
Членовите на ДИК ги прифатија барањата за акредитација на набљудувачи од Амбасадата на Република Хрватска и од Амбасадата на Република Турција за предвремените Парламентарни избори како и барањето од Амбасадата на Германија за набљудување на Изборите за претседател на РМ 2014. На истата седница беше направен и случаен избор на 38 членови и нивни заменици во Избирачките одбори (ИО) во Дипломатско конзуларните претставништва, бидејќи партиите не доставија предлози со нивни претставници во ИО за претстојните Избори за претседател на РМ. 
 
 

Соопштение од 72. седница на Државната изборна комисија

По јавната ждрепка што се одржа на 72. седница на Државната изборна комисија на Изборите за претседател на Република Македонија, кандидатот Ѓорге Иванов, предложен од група пратеници, на гласачкото ливче за изборите ќе го носи редниот број 1. На гласачкото ливче за претстојните избори под реден број 2 ќе биде претседателскиот кандидат Иљаз Халими, предложен група избирачи, Стево Пендаровски, предложен од група пратеници на ливчето за Изборите за претседател на РМ ќе биде под реден број 3, а Зоран Поповски, предложен од група избирачи ќе го носи бројот 4. 
Пред спроведената ждрепка за утврдување на редоследот на листите на кандидати за Избор на претседател на Република Македонија на гласачко ливче, на седницата на ДИК се одржа и ждрепка во која претставниците на партиите ги извлекоа бројките по кој редослед ќе биде спроведено извлекувањето на бројките кои ќе стојат пред името на претседателските кандидати за изборите на 13. април 2014 година.
 

Страница 19 од 25

^