Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 71. седница на Државната изборна комисија

Упатството за примена на член 113 – б од Изборниот законик за гласање на избирачите кои се членови на Избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии, беше усвоено на седницата на Државната изборна комисија. Прифатена е и предлог Одлуката за запирање на забраната на исплата на надоместок на трошоци за изборна кампања на Локалните избори 2013, а донесена е и Одлука за формирање работна група за разгледување на поднесените приговори за предвремена изборна кампања за изборите за Претседател на Република Македонија на 13. април 2014 и за предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година. Донесени се одлуки за ангажирање лица во помошните тела на ДИК за двата избори, а прифатени се и барањата за акредитација на набљудувачи од Амбасадата на Кралството Холандија, од Амбасадата на Австрија и од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР во Скопје.

 

Соопштение од 70. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија ги разгледа и утврди листите на кандидатите за Избор на претседател на Република Македонија на  13. април 2014 година. Членовите на ДИК ги потврдија  кандидатурите на Зоран Поповски, предложен од група избирачи, Ѓорге Иванов предложен од група пратеници, Иљаз Халими предложен од група избирачи и Стево Пендаровски, предложен од група пратеници. 

Средба со амбасадорот на СР Германија

На 13 март претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски, оствари средба со амбасадорката на СР Германија, Н.Е. Гудрун Штајнакер.
На средбата беше разговарано за предизвикот со кој се соочува Државната изборна комисија при паралелното организирање на Претседателски и Предвремени парламентарни избори. Амбасадорката Штајнакер особено се интересираше за капацитетите на ДИК во смисла на човечки ресурси, за составот и начинот на работа на изборните органи, избирачкиот список, како и датумите на отпочнување и завршување на изборната кампања за обата вида на избори.
Претседателот Рилкоски и амбасадорката Штајнакер на крајот на средбата изразија подготвеност за натамошна соработка.

Соопштение од 69. седница на Државната изборна комисија

Членовите на  Државната изборна комисија ги прифатија предлог Одлуката за изменување и дополнување на Годишниот план од 14.02.2014 година за вкупните потреби за јавни набавки на ДИК по програмата 21 – Изборни активности и предлог измената на Годишниот план за јавни набавки на ДИК во 2014 година за претстојните активности за Изборите за претседател и за предвремените Парламентарни избори. Беше донесена и Одлука за објавување јавен повик во странски весници за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 27 април 2014. 
Заклучено е Програмата за задолжителна едукација на изборните органи за Претседателските избори да се применува и за предвремените Парламентарни избори 2014. На седницата беа разгледани и пет барања за разрешување на претседател, членови и нивни заменици во Општинските изборни комисии од кои се прифатени четири, а нивниот избор ќе се изврши на првата наредна седница на ДИК.  
 

Страница 20 од 25

^