СООПШТЕНИЕ
Државната изборна комисија денес оствари работна средба со Емил Димитриев, претседател на Владата на Република Македонија задолжена за спроведување на избори за пратеници како и со министерот Марта Арсовска Томовска и заменик министерот Билјана Бришковска. Откако членовите на Државната изборна комисија беа запознати со заклучоците донесени на вчерашната седница Владата на РМ кои произлегле од првата работна координативна средба со членовите на ДИК, претседателот Александар Чичаковски информираше за прашањата поврзани со кадровското доекипирање на Државната изборна комисија и со просторното и техничко опремување за имплементација на методологиите за ажурирање на избирачкиот список. Се разговараше и за низа други тековни прашања поврзани со надлежностите на Државната изборна комисија како и за решавање на проблемите со кои Комисијата се соочува во овој период.
Владата на Република Македонија изрази подготвеност да излезе во пресрет на барањата на ДИК кои се однесуваат на организационо технички подготовки на вкрстените проверки на различни бази на податоци, теренските проверки и други правни работи.