Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Средба со Делегација на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Делегација на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на Претседателските избори во Република Македонија, на 12 март оствари посета на Државната изборна комисија. Шестчлената делегација беше предводена од Штефан Шенах, шеф на Делегацијата, а средбата ја оствари со претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски.
При посетата, членовите на делегацијата изразија интересирање на процесот на организирање на изборите во Република Македонија, а нивните прашања особено се однесуваа на финансирањето на изборната кампања, постапката за поднесување на листи на кандидати, соработката на ДИК со останатите државни институции, но и со граѓанскиот сектор, како и на објавувањето на резултатите од изборите. Во фокусот на интересот беше и застапеноста на припадниците на заедниците во изборните органи, како и повеќејазичноста на изборниот материјал во општините кои ги исполнуваат законските услови за тоа.
Едночасовната средба помина во конструктивна атмосфера, со подготвеност на обете страни и за натамошна соработка.
 

Соопштение од 68. седница на Државната изборна комисија

Прирачникот за едукација на членовите на Избирачките одбори за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, односно во конзуларните канцеларии, беше усвоен на 68. седница на Државната изборна комисија. Членовите на ДИК заклучија постапките за доделување на договори за јавни набавки на стоки, работи и услуги за Претседателските избори 2014 и за предвремените Парламентарни избори 2014 да се усогласат при нивното спроведување, така што набавките  ќе се спроведат како единствени постапки за двата вида избори.
На седницата беа прифатени и последните  5.015 барања за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва за претстојните  Избори за претседател на РМ,така што можноста за гласање во ДКП во странство ќе ја искористат 8.311 државјани на Република Македонија кои се на привремен престој или работа во странство. Разгледани и прифатени беа  и обрасците ИС 1, ИС 2 и ИС 3 доставени до ДИК од подрачните одделенија и канцеларии како и обрасците бр.2 гс, бр. 3 гс, бр. 4 гс, бр. 13 гс/1 и 22 гс/1. 
На седницата беше прифатен и Образецот за обезбедување на ЕДБ како и заклучокот во врска со член 165 став 3 од Изборниот законик,  со кој 11 избирачки места во странство на кои за гласање на Претседателските избори 2014 се пријавиле помалку од десет гласачи, нема да бидат отворени.  
На 68. седница на ДИК  беа прифатени и барањата за акредитации на набљудувачи од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Амбасадата на Кралството Шпанија за Изборите за претседател и за предвремените Парламентарни избори 2014.
 
 

Средба со главниот тим на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

На 10 март (понеделник) Државната изборна комисија во полн состав оствари средба со делегација на главниот тим на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на изборите. Делегацијата беше предводена од Н.Е. Герт Аренс, шеф на Мисијата.
На средбата двете страни дискутираа околу прашања од интерес за успешно организирање и спроведување на изборите, во согласност со регулативите на ОБСЕ/ОДИХР, како и со националното законодавство.
Амбасадорот Аренс изрази задоволство од имплементацијата на голем дел од препораките содржани во Конечниот извештај на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за Локалните избори 2013 година во одредбите на Изборниот законик, како и очекување истите одредби да бидат доследно спроведени
 

Средба со делегација на ЕУ

Претседателот на Државната изборна комисија, г. Никола Рилкоски, на 11 март беше домаќин на делегација на Европската Унија, предводена од заменик шефот на Одделот за Западен Балкан, г. Теркел Петерсен.
На средбата се разговараше за предизвикот на организирање на двојни избори - претседателски и парламентарни, пред кој е исправена Државната изборна комисија, како и за подготвеноста на ДИК соодветно да одговори на овој предизвик. Особен акцент беше ставен на генерално добриот Изборен законик, но и на неопходноста од негова соодветна имплементација, како и на важноста на правилното напојување со информации на набљудувачките мисии и граѓанскиот сектор.
Г. Петерсен ја истакна важноста на ДИК како институција која, преку носењето на својата одговорност во организирањето и спроведувањето на изборите, придонесува за градењето на демократскиот капацитет на земјата.

Страница 21 од 25

^