Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

 
 

Соопштение од 66. седница на Државната изборна комисија

Членовите на Државната изборна комисија го усвоија Предлог Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 6 март – 27 април 2014 година. Едногласно е одлучено кампањата за Предвремените парламентарни избори да започне два дена порано – на 5 април, со што на учесниците нема да им биде скратен законскиот рок од 20 дена заради изборниот молк за Претседателските избори кој е на 12 и 13 април. 
Усвоени се и Предлог Јавен повик за објавување на огласи во странски весници за предвремените парламентарни избори 2014, предлог Одлуката за важење и применување на обрасците за спроведување на предвремените парламентарни избори за пратеници како и предлог Обрасците број 8 – Договор за коалицирање, Образец број 9 -  Записник од влечење ждрепка и Образец број 17 гс/1-Посебен записник (ДКП).
На седницата беа разгледани и прифатени барањата за разрешување на седум претседатели, членови и нивни заменици во Општинските изборни комисии, а на нивно место, по случаен избор именувани се нови. 
 
 

Соопштение од 65. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија на 65. седница го усвои предложеното Упатство за примена на член 50 став 6 од Изборниот законик. Според ова, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи на Избирачкиот список (ИС) наведено во погоре спомнатиот законски член кое државјаните на Република Македонија кои се наоѓаат на привремена работа или престој во странство го поднесуваат за време на јавниот увид, да се смета како барање за запишување во единствениот Избирачки список за оние државјани кои не се запишани во ИС ставен на јавен увид и кои ги исполнуваат законските услови да бидат внесени во истиот. 
На седница беа усвоени и обрасците ИС 1, ИС 2 и ИС3 доставени до ДИК од подрачните одделенија и канцеларии, согласно заклучокот од претходната седница, а прифатени се и барањата за акредитации на набљудувачи за Претседателските избори 2014 од Здружението на граѓани Центар за развој на медиумите Скопје (ЦРМ) и од Амбасадата на Република Турција. 
 
 
 
 

Страница 22 од 25

^