Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Задолжителна едукација на општинските изборни комисии

Согласно Роковникот, како и Програмата за задолжителна едукација на изборните органи, донесени од Државната изборна комисија, на 5 март (среда) ДИК одржа 12 регионални работилници за задолжителна едукација на членовите на општинските изборни комисии.
Цел на работилниците беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини своите надлежности во рамките на ОИК да ги спроведуваат ефикасно, квалитетно и во согласност со позитивните прописи, а со особен осврт на последните измени и дополнувања на Изборниот законик.
Учесници на работилниците беа претседателите, замениците претседатели, членовите и секретарите на ОИК, а истите се одржаа во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица и Штип.

Соопштение од 64. седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија на 64. седница донесе заклучок  веднаш писмено да го извести Министерството за правда дека согласно член 4 став 3 од Изборниот законик има надминување на цензусот во Шестата Изборна единица. Според официјалните информации добиени од Државниот завод за статистика во „шестката“ цензусот е надминат за 0,87  проценти. 
На седницата беше усвоено Решението за поднесените пријави за гласање во странство во изборните единици 7, 8 и 9 за Претседателските избори 2014 година, а прифатени се и Упатството за примена на член 165 став 3 од Изборниот законик, Заклучокот во врска со постапката по донесените решенија за запишување, промени и бришење во Избирачкиот список  како и Известувањето за потребните прилози кон поднесените листи на кандидат за претседател на Република Македонија (член 64 од ИЗ). 
 
 

Соопштение од 62-тата седница на ДИК

На претстојните Избори за претседател на Република Македонија кои ќе се одржат на 13. април 2014 година, за обележување на лицата кои гласаат за првпат ќе се користи специјално видливо црно мастило. Набавката на маркерите со мастило кое ги има предвидените карактеристики ќе се изврши од странство.
Членовите на Државната изборна комисија на 62-та седница го прифатија и предлог изгледот на Избирачкиот список кој во општините во кои најмалку 20 насто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, првата и последната страница на Избирачкиот список ќе бидат напишани на јазикот кој го зборуваат. Покрај усвојување на обрасците за спроведување на претстојните претседателски избори, ДИК донесе и упатства за гласање на болните и изнемоштени лица, за лицата на кои заради физички недостаток или се неписмени им е потребна помош при гласањето како и за оние кои се во куќен притвор. Болните лица ќе имаат обврска 7 дена пред изборите да се пријават за гласање во Општинските изборни комисии и да достават оригинална медицинска документација која се однесува на болестите посочени во Упатството. 
На седницата беше донесен и Прирачник за едукација на членовите на Општинските изборни комисии. 
 
 

Средба со г. Гевин Вајс, заменик директор за Европа и Азија во IFES

На 19 февруари (среда) претседателот и потпретседателот на Државната изборна комисија остварија средба со г. Гевин Вајс, заменик директор за Европа и Азија во IFES - Меѓународна фондација за изборни системи.
На средбата претседателот и потпретседателот на ДИК го запознаа г. Вајс со тековните активности на Комисијата, како и предизвиците со кои ДИК се соочува при организирањето на претстојните Избори за претседател на РМ. Во текот на средбата обете страни изразија подготвеност за отпочнување на соработка, особено во областите на градење на капацитетите на изборната администрација, едукација и информирање на гласачите, како и воведување на новите светски трендови во организацијата на изборите.
 

Страница 23 од 25

^