Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение од 61. седница на Државната изборна комисија

Со мнозинство гласови на членовите на Државната изборна комисија на 61. седница беше одлучено во Избирачките одбори да се изврши замена  само на членовите  кои не ги исполнуваат одредбите од членот 38 од Изборниот законик. Поточно, претседателот и заменикот на Избирачкиот одбор кои се избираат од редот на вработените во државната, јавната, општинската и администрацијата на град Скопје треба да имаат високо образование, а членовите и нивните заменици - најмалку средно образование. 
На седницата беа прифатени барањата за разрешување на 36 претседатели, членови и  заменици на Општинските изборни комисии, на нивно барање, а по случаен избор е извршено именување на претходно разрешените членови. Исто така, беше утврдена и висината на средствата потребни за изнајмувањње на приватни објекти за гласање, а донесена е и Одлука за ангажирање на лица во помошните тела на Државната изборна комисија за спроведување на Изборите за претседател на Република Македонија на 13.04.2014 година. 
 

Соопштение од 60-тата седница на ДИК

Државната изборна комисија едногласно одлучи со писмо да се обрати до Владата и до Министерството за финансии со барање за добивање на дополнителни 124.008.000 денари од резервите на Буџетот, неопходни за реализација на Изборите за претседател на Република Македонија кои ќе се одржат на 13 април 2014 година. До овој заклучок е дојдено по исцрпно разгледување и усвојување на предлог Финансискиот план за распределба на средствата за избор на претседател на државата како и по прифаќањето на Годишниот план за вкупните јавни набавки на ДИК по програмата 21 која се однесува на изборните активности. До обезбедување на овие буџетски средства, ДИК нема да може да врши јавни набавки.
На 60-тата седница, ДИК го усвои и предлог Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите. Овој подзаконски акт кој ја регулира соработката на Државната изборна комисија со Министерството за внатрешни работи е надополнет со две барања: полицијата да не дозволува задржување на неовластени лица пред и на гласачките места како и да има стандардизирана службена униформа.
Меморандумот за соработка помеѓу ДИК, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција кој е склучен минатата година останува во сила. Членовите на ДИК ги усвоија и Обрасците за претстојните претседателски избори кои ќе се користат во Дипломатско-конзуларните претставништва а кои ќе бидат објавени во „Службен весник“.
Државната изборна комисија ја усвои и Програмата за задолжителна едукација на изборните органи за спроведување на Претседателски избори. На седницата беше утврден и обликот на новите печати на избирачките одбори, општинските изборни комисии и на изборната комисија на Град Скопје, како и новиот, осовременет изглед на интернет страницата на Државната изборна комисија. Исто така, беше утврдена и потребата од формирање на помошни тела на ДИК за спроведување на изборите за претседател на Република Македонија на 13. април 2014 година.
 
 
 
 

ДИК во работна посета на ЦИК Албанија


Делегација на Државната изборна комисија, составена од претседателот г. Никола Рилкоски, потпретседателот м-р Субхи Јакупи, членовите г-а Виолета Дума и г. Бедредин Ибраими и државниот советник Добре Јанчев, на 10 февруари оствари работна средба со Централната изборна комисија на Албанија.
Средбата се одржа во рамки на соработката меѓу двете институции и во насока на размена на искуства кои ќе и користат на Државната изборна комисија во процесот на подготовки за Изборите за Претседател на Република Македонија, кои ќе се одржат на 13 април.
Поради неговата употреба во Македонија за прв пат, во фокусот на интересот беше техниката на користење видливото мастило за обележување на гласачите. ЦИК на Албанија детално и ги пренесе на Државната изборна комисија сите релевантни информации во врска со употребата на видливото мастило за време на изборите во Албанија одржани на 23 јуни 2013 година.
Државната изборна комисија ја покани Централната изборна комисија на Албанија да испрати своја официјална делегација за набљудување на Изборите за Претседател на Република Македонија.
 
 
 
 
 
 

Одбележување на светски ден на изборите

Во септември 2005 година, експертите кои присуствуваа на Глобалната конференција на изборни органи во Унгарија, покрај моќната порака за потребата од зајакнување на демократските процеси ширум Светот, отпочнаа и иницијатива за одржување на Светски ден на изборите, во првиот четврток од февруари секоја година.

Државната изборна комисија се придружи кон глобалното славење на изборите преку одбележувањето на овогодишниот Светски ден на изборите, на 6 февруари 2014 година (четврток). 
Пред бројните поканети гости, кои се одзваа на поканата и присуствуваа на настанот, свои пригодни излагања имаа претседателот на ДИК, г. Никола Рилкоски, потпретседателот на ДИК, м-р Субхи Јакупи, како и членовите на ДИК, г-а Виолета Дума, г. Влатко Сајкоски и г. Бедредин Ибраими. Во вториот дел од настанот, на панел-дискусијата се приклучија г. Маркус Ролофс од Мисијата на ОБСЕ и г. Дарко Алексов од НВО Мост, кои ја збогатија програмата со презентирање на предизвиците во изборниот процес разгледувани од аспект на меѓународните организации и граѓанскиот сектор.
Државната изборна комисија одбележувањето на Светскиот ден на изборите го одржа со поддршка од Мисијата на ОБСЕ.
 
 
 
 
 
 

Страница 24 од 25

^