Македонски

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Избирачкиот список кој е ставен на оваа веб страна е доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25.01.2016 година.
 
Истиот е резултат на  законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 01.12.2015 година
 

Избирачки список

Соопштение

На 4 февруари 2014 година во просториите на Државната изборна комисија се одржа средба помеѓу претседателот на Државната изборна комисија, г. Никола Рилкоски, и потпретседателот на ДИК, м-р Субхи Јакупи, од една страна, и претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија на чело со Н.Е. амбасадорот Аиво Орав, од друга страна.
На средбата беше разговарано околу предизвиците кои за Државната изборна комисија претстојат при организирањето и спроведувањето на претстојните Избори за Претседател на Република Македонија кои ќе се одржат на 13 април 2014 година.
Во текот на средбата, која помина во конструктивна и пријатна атмосфера, амбасадорот Орав во име на Делегацијата на ЕУ ја понуди својата помош и поддршка за Државната изборна комисија, особено при креирање и имплементација на кампања за подигање на јавната свест кај граѓаните и гласачите.
Обете страни на средбата ја нагласија важноста на довербата на јавноста, а особено на учесниците во изборите, во организирањето на фер, слободни и демократски избори.
 
 
 
 
 
 
 

 
 

Страница 25 од 25

^