Македонски

Известувања

ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
за документи кои се доставуваат до Државната изборна комисија во прилог на потврдените листи на кандидати за Локалните избори 2013 година
 
Во врска со поднесените и потврдени листи за кандидат на градоначалник на општина/град Скопје и листите на кандидати за членови на совет на општина/град Скопје, Општинските изборни комисии и Изборната комисија на Град Скопје до Државната изборна комисија треба да достават:
 
Фотокопија од потврдените листи на кандидат за градоначалник
Фотокопија од потврдените листи на кандидати за членови на совет
Фотокопија од лична карта или пасош на кандидатот за градоначалник и носителот на листата на кандидати за членови на совет
Фотокопија од решението за потврдување на листите на кандидати (за секоја потврдена листа посебно)
Список на овластени претставници на подносителите на листите на кандидати со контакт информации (адреса, телефон, е-пошта)
ЦД/ДВД со симбол
Овие документи треба да се достават до Државната изборна комисија најдоцна до 22.02.2013 година до 17.00 часот.
 
Согласно член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик, по предлог и барање на член на Државната изборна комисија, Државната изборна комисија на седницата одржана на ден 13.02.2013 година, во врска со Известувањето за потребните прилози кон поднесената листа на кандидати за градоначалници на општините, градоначалник на градот Скопје, членови на советите на општините и членови на советот на град Скопје, (член 64 од Изборниот законик) од 18.01.2013 година, со мнозинство гласови, од кои „за„ беа м-р Субхи Јакупи, потпретседател и членовите Влатко Сајкоски, Сашо Срцев и Анета Стефановска, го донесе следното
 
ПОЈАСНУВАЊЕ
 
  1. Договорите за настапување како коалиција (Образец бр. 4а) може да се поднесуваат и во фотокопија;
  2. Потврдите од надлежниот суд за регистрациите на политичките партии кои настапуваат самостојно или се потписнички на договор за настапување како коалиција издадени во 2013 година, се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар и
  3. Политичката партија, Коалицијата, Носителот на независната листа од група избирачи, доказот за обезбедениот ЕДБ со назнака „за изборна кампања“ и отворената трансакциска сметка со назнака „за изборна кампања“, ги доставуваат до општинските изборни комисии и изборната комисија на градот Скопје во фотокопија.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Денес во 13 часот Државната изборна комисија ќе одржи седница која ќе биде отворена за медиумите. Седницата ќе се одржи во салата на ДИК со следниот дневен ред:
 
  1. Разгледување и усвојување на Записниците од продолжението на 21 –та седница  на Државната  изборна комисија и од  22 – та седница Државната  изборна комисија,
  2. Разгледување на Барањата за изземање на претседател, членови  и нивни заменици  во Општинските изборни комисии,
  3. Случаен избор за именување на претходно изземените претседател, членови  и нивни заменици  во Општинските изборни комисии
  4. Разгледување на Барањата за акредитација на набљудувачи за локаните избори 2013 година,
  5. Предлог – Потврди за утврдување на субјиктивитетот на коалицијата за локалните избори 2013 година
  6. Разгледување и прифаќање на  Анекс број 04/2012 кон основениот Договор за извршување на услуги за одржување на хигиена во работните простории на Државната изборна комисија, потпишан со Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија,
  7. Исправка на Одлука број 07-311/1/ од 24.01.2013 година, за утврдување на потребата од формирање на помошни тела на Државната изборна комисија за спроведување на локалните избори 2013 година,
  8. Предлог - Одлуки за ангажирање на лица во помошното тело на секторите на стручната служба на  Државната изборна комисија за спроведување на локалните избори 2013 година,
  9. Предлог - Заклучок за задолжување на лицата во помошното тело во Секторот за информатичка технологија на  Државната изборна комисија да дадат стручно мислење за потребата од измена и надградба на софтверот за обработка на резултатите за локаните избори 2013 година, или набавка нов софтвер за тие намени,
  10. Разгледување на дополнителниот Извештај од извршената дополнителна проверка на малите печати со број на избирачко место, со предлог заклучок,
  11. Предлог - Одлука за  утврдување на висината на средствата потребни за изнајмување на приватни објекти за гласање,
  12. Предлог - Одлука за утврдување на потребата од јавна набавка за ангажирање на ПР агенција за обука на гласачи/ ТВ/флаери/ плакати,
  13. Предлог - Одлука за утврдување на потребата од јавна набавка за печатење на прирачници за членовите на општинските изборни комисии и членовите на избирачките одбори за задолжителна едукација,
  14. Разно

Согласно член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик, по предлог и барање на член на Државната изборна комисија, Државната изборна комисија на седницата одржана на ден 13.02.2013 година, во врска со Известувањето за потребните прилози кон поднесената листа на кандидати за градоначалници на општините, градоначалник на градот Скопје, членови на советите на општините и членови на советот на град Скопје, (член 64 од Изборниот законик) од 18.01.2013 година, со мнозинство гласови, од кои „за„ беа м-р Субхи Јакупи, потпретседател и членовите Влатко Сајкоски, Сашо Срцев и Анета Стефановска, го донесе следното
 
ПОЈАСНУВАЊЕ
 
1. Договорите за настапување како коалиција (Образец бр. 4а) може да се поднесуваат и во фотокопија;
 
2. Потврдите од надлежниот суд за регистрациите на политичките партии кои настапуваат самостојно или се потписнички на договор за настапување како коалиција издадени во 2013 година, се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар и
 
3. Политичката партија, Коалицијата, Носителот на независната листа од група избирачи, доказот за обезбедениот ЕДБ со назнака „за изборна кампања“ и отворената трансакциска сметка со назнака „за изборна кампања“, ги доставуваат до општинските изборни комисии и изборната комисија на градот Скопје во фотокопија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Ве известуваме дека согласно член 23 став 1 од Законот за заштита на личните податоци, а во врска со член 14 од Правилникот за за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, претседателот, членовите, секретарот на општинските изборни комисии и нивните заменици, како и претседателот, членовите, секретарот на избирачките одбори и нивните заменици се должни да потпишат изјавата за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци .
 
Општинската изборна комисија е должна при депонирање на потписите од страна новоизбраните членови на избирачките одбори да обезбеди потпишување на оваа изјава.
Во прилог на ова известување е образецот од изјавата која ја потпишуваат членовите на изборните органи.
Право на пристап  до изјавите за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци е регулирано со Правилникот за за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Сите потпишани изјави за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци  се чуваат во затворен плик, во просториите определени од општината за чување на доверливиот и останатиот изборен материјал.

ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Државната изборна комисија ги известува граѓаните на Република Македонија дека Јавниот Увид во Избирачкиот список ќе се одвива во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија
 
Подрачно одделение-Гевгелија
 
Канцеларија Валандово
 
Канцеларија Неготино
 
Подрачно одделение-Кичево
 
Канцеларија Македонски Брод
 
Подрачно одделение- Кочани
 
Канцеларија Берово
 
Канцеларија Пробиштип
 
Канцеларија Виница
 
Канцеларија Делчево
 
Подрачно одделение-Охрид
 
Подрачно одделение-Струга
 
Канцеларија Дебар
 
Подрачно одделение-Струмица
 
Канцеларија Радовиш
 
Подрачно одделение-Велес
 
Канцеларија Кавадарци
 
Подрачно одделение-Штип
 
Канцеларија Свети Николе
 
Подрачно одделение-Битола
 
Канцеларија Ресен
 
Канцеларија Демир Хисар
 
Подрачно одделение-Гостивар
 
Подрачно одделение- Куманово
 
Канцеларија Крива Паланка
 
Канцеларија Кратово
 
Подрачно одделение-Прилеп
 
Канцеларија Крушево
 
Подрачно одделение Тетово
 
Подрачно одделение-Карпош
 
Подрачно одделение-Центар
 
Подрачно одделение- Чаир
 
Подрачно одделение-Гази Баба
 
Подрачно одделение-Кисела Вода
 
Увидот започнува на  26 јануари 2013 година и трае до 9 февруари 2013 година. Гласачите можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список секој ден во периодот од 08.30 до 19.00 часот со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список.
 
Се повикуваат сите полнолетни граѓани кои после 11 јануари 2013 година, извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија заради проверка и впишување во Избирачкиот список за време додека трае јавниот увид.
 
По завршувањето на јавниот увид, доколку не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013.
 
Проверката гласачите можат да ја вршат и по електронски пат преку ВЕБ страницата на Државната изборна комисија: www.sec.mk во делот Избирачки спиок.

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за именување на нов состав на избирачките одбори
кои ќе го спроведат гласањето на Локалните избори, 24 март 2013 година
(член 38 став 4 во врска со член 37 став 2 точка 1 од Изборниот законик)
 
Државната изборна комисија ги известува општинските изборни комисии дека на избирачките одбори, кои беа именувани во 2009 година а чии состав беше дополнет во 2011 година, согласно член 38 став 4 од Изборниот законик четиригодишниот мандат им е истечен. Истечениот мандат се однесува како на претседателите, нивните заменици, членовите и нивните заменици од избирачките одбори, избрани по случаен избор од редот на државната, јавната, општинската и администрацијата на градот Скопје, така и на членовите и нивните заменици, именувани на предлог на политичките партии во опозиција кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и на предлог на политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.
 
За спроведување на гласањето на Локалните избори, 24 март 2013 година, општинските изборни комисии, согласно член 37 став 2 точка 1 од Изборниот законик, ќе извршат ново именување на целокупниот состав на избирачките одбори, по случаен избор и по предлог на политичките партии.
 
Општинските изборни комисии именувањето на новиот состав на избирачките одбори ќе го извршат најдоцна до 1-ви февруари 2013 година. Државната изборна комисија ќе им пружи на општинските изборни комисии техничка, логистичка и друга помош, со цел навремено и квалитетно извршување на обврската од член 37 став 2 точка 1 од Изборниот законик, а особено во постапката за случаен избор.
 
Истовремено, Државната изборна комисија информира дека целосно ја презема обврската за известување на политичките партии, кои согласно член 38 ставовите 5 и 6 од, Изборниот законик, даваат предлози за именување на членови и заменици во избирачките одбори. Известувањето до политичките партии, Државната изборна комисија ќе го достави дополнително, а најдоцна до 26 јануари 2013 година. Политичките партии, предлозите за членови на избирачки одбори и нивните заменици ги доставуваат до надлежната општинска изборна комисија, во рок од пет дена од денот на добивањето на известување од Државната изборна комисија.
 
Ако политичките партии не го достават предлогот во рокот утврден во член 38 став (7) од Изборниот законик, именувањето на членовите го врши општинската изборна комисија во согласност со член 38 став (4) од Законикот, по случаен избор од редот на администрацијата.
 
Ова известување се доставува до општинските изборни комисии, политичките партии во опозиција: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) и политичките партии на власт: ВМРО - ДПМНЕ (ВМРО - Демократска партија за македонско национално единство) и Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои согласно член 38 ставовите 5 и 6 од, Изборниот законик, даваат предлози за именување на членови и заменици во избирачките одбори.

 И З В Е С Т У В А Њ Е

^