Македонски

Делегација на Државната изборна комисија предводена од претседателот Никола Рилкоски, а која ја сочинуваа и потпретседателот д-р Субхи Јакупи и Влатко Сајкоски, член на ДИК, учествуваше во работата на меѓународната конференција организирана од  Врховниот совет за избори на Република Турција која од 19 до 21 ноември се одржа во Анкара. На конференцијата на тема „Изборни практики на земјите учеснички“  делегацијата на ДИК ги презентираше изборните искуства од Република Македонија  на три дебатни сесии на кои се разменуваа сознанија за „Менаџментот на избори и заштитата на избирачкото право„, потоа за „Ревизијата на трошоците за кампања на политичките партии и кандидатите во изборна кампања“ како и за „Избирачкиот список и прашањата кои произлегуваат од неговото водење“. На овие теми интересни дискусии за изборниот процес во нивните држави изнесоа и членовите на највисоките изборни органи од Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Грузија, Азербејџан и Судан.  


^