Македонски

Делегација на Државната изборна комисија предводена од претседателот Никола Рилкоски, а која ја сочинуваа и потпретседателот м-р Субхи Јакупи и Влатко Сајкоски, член на ДИК учествуваше во работата на 23. годишна Конференција на АЦЕЕЕО која од 4-6 септември 2014 година се одржа во Букурешт, Романија. Воедно, во Хотелот  „Мериот“ се одржа и седница на Генералното Собрание на оваа Асоцијација на кое присуствуваа претставници на највисоките изборни органи од сите членки на АЦЕЕЕО и голем број гости.

Годинашната 23. Конференција беше посветена на две теми: Учеството на жените во изборниот процес и јавниот живот и Планирање на изборите.

На втората Пленарна седница на Конференцијата на АЦЕЕЕО во Букурешт свое предавање за „Организирање на општи избори во Република Македонија“ одржа потпретседателот на ДИК м-р Субхи Јакупи со кое предизвика голем интерес кај присутните. Извршниот одбор на Асоцијацијата донесе одлука следната годишна средба да се одржи во Кишињев, Молдавија, а во 2016 година во Љубљана, Словенија ќе биде јубилејната 25. Конференција на АЦЕЕЕО.

 


 

^